Владата го намали долгот кон фирмите на 19,5 милиони евра

Bez autora
Feb 13 2013

Владата го исполнува ветувањето и почитувајќи го планот за исплата, ги расчистува сметките со стопанството. Заклучно со вчера обврските на државата кон фирмите по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи се намалени на 1.198.000.000 денари, односно 19,5 милиони евра. Исплатата почна кон средината на септември лани, кога беше регистриран долг од 5.653.277.738 денари, или 92 милиони евра. Со вчерашната исплата обврските од почетокот на отплатата се намалени за 4,4 милијарди денари, или 72,4 милиони евра. Од Министерството за финансии најавуваат дека остатокот од долгот ќе се исплатува во согласност со утврдената динамика и сметките ќе се затворат овој месец. Ова докажува дека исплатата се одвива по утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари.

Владата го намали долгот кон фирмите на 19,5 милиони евраВладата го исполнува ветувањето и почитувајќи го планот за исплата, ги расчистува сметките со стопанството. Заклучно со вчера обврските на државата кон фирмите по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи се намалени на 1.198.000.000 денари, односно 19,5 милиони евра.

Исплатата почна кон средината на септември лани, кога беше регистриран долг од 5.653.277.738 денари, или 92 милиони евра. Со вчерашната исплата обврските од почетокот на отплатата се намалени за 4,4 милијарди денари, или 72,4 милиони евра.

Од Министерството за финансии најавуваат дека остатокот од долгот ќе се исплатува во согласност со утврдената динамика и сметките ќе се затворат овој месец.

- Ова докажува дека исплатата се одвива по утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари - соопштуваат од Министерството.

Цел на оваа владина мерка која почна да се спроведува во септември минатата година е подобрување на ликвидноста на фирмите. Македонија е единствена од земјите во регионот која пристапи кон решавање на заостанатите обврски кон фирмите што беше признаено и пофалено од Светска банка и ММФ.

Почетокот на враќањето на долговите беше топло поздравен од коморите и од компаниите на чии сметки легнуваа парите. Големите компании со странски сопственици најавија дека ќе ги искористат за набавка на неопходните суровини, за што досега позајмувале од фирмите-мајки. За помалите, пак, тие се потребни за полесно да се преброди кризата и да се намират сите обврски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik